Nike ја слави издржливоста и истрајноста на спортистите во најновото и последно продолжение на кампањата “You Can’t Stop Us” („Не можете да нé запрете“), кое носи малку изменет наслов – “You Can’t Be Stopped” („Вие не можете да бидете запрени“).
Во центарот на вниманието на новата реклама се јапонската тенисерка Наоми Осака, англискиот фудбалер Маркус Рашфорд и американската пливачка Симон Мануел. Рекламата покажува како овие млади спортисти успеваат да ги постигнат своите зацртани цели откако ќе си го постават прашањето „Зошто?“, но и како продолжиле да бидат активни за време на пандемијата.
Покрај рекламата, Nike нудат и различни вежби и дигитални часови за фитнес преку апликацијата Nike Training Club, со цел да ги охрабрат луѓетода вежбаат и останат фит.