Кампањата насловена “The Ball Makes us More” донесува на екраните бројни ѕвезди на овај тим, за да му оддадат почит на клубот во уникатниот стил
Најк го прославува своето 20-годишно партнерство со фудбалскиот клуб Барселона со нова реклама, која ја нагласува поврзаноста на Барселона со своите навивачи, на локално и на глобално ниво, но и нивниот напаѓачки стил на игра, познат како „The Barca Way“.
Спотот “The Ball Makes us More” е во режија на Воли Фистер, кој доби Оскар за филмот Inception, а во него се појавуваат голем број на ѕвезди како што се Филипе Кутињо, Андрес Иниеста, Мартенс, Жерар Пике, Серхио Бускетс, Серџи Роберто, Усман Дембеле, Самуел Умтити, Денис Суарез, Паулињо и други.
Тука се и легендите Карлес Пујол, Роналдињо, Пеп Гвардиола и покојниот, Јохан Кројф.
Манел Аројо, потпретседател на ФК Барселона, по повод новата кампања, изјави: “Кампања The Ball Makes us More е демонстрација на тоа како целосно да ги поврзете Најк и Барса. Кампањата се фокусира на нашиот идентитет, нашиот уникатен стил на игра, на поседување на топката, на стилот кој го промени светот на фудбалот, а на кој ние сме толку горди. Исто така, го покажуваме односот на Барса со градот Барселона, надевајќи се дека ќе постигнеме глобално влијание врз сите обожаватели на Барселона и фудбалот во целина”.