Следниот пат кога сте неодлучни за попладневното трчање или утринското возење со велосипед, потсетете се на сестра Мадона Будер.
86-годишната калуѓерка е рекордерен ‘Ајронмен’ триатлонец (‘Ајронмен’ (‘Железен човек’) е најпознатиот триатлонски настан во светот) и ѕвезда на најновиот спот од “Unlimited” кампањата на Nike, создаден од Wieden+Kennedy Portland, кој се емитува за време на Олимписките игри.
Слично како првичниот спот од кампањата, нарацијата на Оскар Исак (познат од филмовите The Force Awakens и Ex Machina) започнува со бавно, лежерно темпо, кое станува се’ побрзо и повозбудено, како што напредува атлетицизмот на Калуѓерката.
Во овој случај, нарацијата повеќе како да внесува збунетост отколку појаснување и зајакнување на пораката, но сепак, одличната видеографија на W+K придонесува за многу љубов спрема приказната на Мадона Будер.
Ако сакате да дознаете повеќе за нејзината приказна без сценската нарација, дефинитивно погледнете го и behind-the-scenes видеото: