Американскиот бренд за спортска опрема Nike ќе донира преку 30,000 пара обувки кои се дизајнирани специјално за медицинските работници на кои им е потреба удобност при целодневното и секојдневното стоење на нозе за време на пандемијата на Ковид-19.
Компанијата го опиша моделот Air Zoom Pulse, инаку оригинално лансиран во 2019 година, како „првата патика дизајнирана за медицинскиот атлет – секојдневниот херој“. Моделот е развиен преку истражување спроведено со вработените во детската болница OHSU Doernbecher во Портланд.
Nike ќе донира дополнително 2,500 пара обувки за болниците ширум Европа, вклучувајќи ги Барселона, Берлин, Лондон, Милано, Париз и Брисел.