Најк се соочи со жестоки критики откако на нивната итернет страница се појавија фотографии со зимска качулка, односно балаклава, наизглед инспирирана од бандите, која ја носи црномуресто момче.
Оваа капа која го покрива целото лице, остава само еден отвор за очи и го содржи само логото на Nike.
Качулка користат мотоциклистите, скијачите, планинарите, работниците на големи височини за да се заштитат од студот, исто така ја користи полицијата и војската во борба против терористичките акции, но најмногу се користи од криминалните групи за да се прикрие нивниот идентитет за време на извршување на противзаконски работи.
Оваа качулка на Nike беше лансирана на 12-ти јули, а нејзината цел е да заштитува од студ, но промотивните фотографии кои прикажуваат црно момче со детали во воен стил, предизвикаа бес кај корисниците на социјалните мрежи, особено во Лондон, кој моментално се соочува со пораст на насилството меѓу бандите.
Се чини дека качулката е отстранета од продажба по коментарите на социјалните медиуми, а пребарувањето за овој производ на веб страницата на Најк резултира со пораката: “Производот кој го барате повеќе не е достапен.”