Според брендот за спорска опрема Nike, фитнесот и „добрата форма“ не вклучуваат само физичка благосостојба, туку и ментална. Со цел да ја истакне оваа порака, компанијата одлучи да ја затвори својата корпоративна администрација една недела и да им даде на вработените одмор за ментално здравје.
Неделата ќе им биде платена исто како и да работеле, а постариот управител на Nike, Мет Маразо, напиша: „Нашите постари лидери испраќаат јасна порака: искористете го времето за да се опуштите, да се ослободите од стресот и да поминете време со вашите сакани. Немојте да работите.“
Тој додава дека одморот е клучен за понатамошното добро функционирање и за задржување на здравиот разум. „Оваа измината година беше тешка – сите сме луѓе! И проживуваме низ трауматичен настан!“ – додава Маразо: „Nike може да го приоретизира менталното здравје и сепак да ја заврши потребната работа“.
Ваквата слободна недела доаѓа во пресрет на повторното враќање во канцелариите со физичко присуство, при што компанијата сепак се одлучи да примени хибриден систем во кој на вработените ќе им овозможи до два дена во неделата да работаат од дома или од далечина.
Одлуката за жал не ги опфаќа вработените во продавниците на Nike, кои ќе мора да почекаат следна прилика.