Nike и брендот Jordan се подготвуваат за прославата на 40-годишнината од лансирањето на патиките Air Jordan, која ќе трае во текот на 2025 година.
Во 1985 година, Мајкл Џордан го смени текот на кошаркарската и воопшто спортската историја кога првпат беа претставени патиките Air Jordan 1 создадени во соработка со Nike. Како што влегуваме во новата година, Nike и брендот Jordan им даваат можност на фановите да патуваат назад во времето и да се запознаат со „Приказна за потеклото“ („Origin Story“).
Се работи за анимиран филм кој го објаснува потеклото и влијанието на Air Jordan 1. Видеото е полно со хумористични забелешки, но и историски прецизни податоци, објаснувајќи ги раните денови на легендарната серија на патики со потпис на Мајкл Џордан. Но, спотот не се осврнува само на спортското, туку и на културното влијание на Air Jordan 1.
Моделот Air Jordan 1 е редизајниран на речиси секаков начин што може да се замисли во изминатите 40 години, и сè уште останува една од најомилените силуети во богатата историја на брендот.
Објавувањето на краткиот филм ја означува првата од многуте активности кои ќе следат во наредните денови, недели и месеци. Брендот Jordan со децении ја разгорува фантазијата на спортистите и уметниците, а неговата 40-годишнина треба да донесе уште повеќе незаборавни моменти за кошаркарските фанови.