Компанијата Најк одлучи да го тужи уметничкиот колектив MSCHF поради патиките Satan Shoes кои содржат човечка крв
Контроверзниот пар патики содржи капка човечка крв, а нивната цена е 1.018 долари. Патиките се базираат на моделот Air Max 97 на Nike и содржат крст свртен наопаку, пентаграм и натпис „Лука 10:18“, што се однесува на Евангелието по Лука, до делот „Видов како Сатана паѓа од небото како молња “
Патиките беа создадени како резултат на соработката помеѓу MSCHF и раперот Лил Нас Х, а во понеделникот беа распродадени сите 666 примероци.
Најк првично се огради од овој модел, но потоа реши да поднесе тужба за повреда на трговската марка.
Патиките беа претставени заедно со новата песна на споменатиот рапер наречена „Montero (Call Me By Your Name)“. На видеото раперот се спушта на столбот од рајот во пеколот.