За своето најново продолжение на кампањата “Play New”, брендот за спортска опрема Nike побара инспирација во волшебниот свет на дизниевите анимирани филмови.
Рекламата насловена “New Fairies” („Нови самовили“) се фокусира врз успешната приказна на младата бразилска скејтбордистка Рејса Леал, која на седум години стана интернет сензација по своето скејтање во костим на самовилска принцеза, а сега на 13 години освои сребрен олимписки медал во скејтбординг.
Поттикнати од пораното „самовилско“ издание на Рејса Леал, спотот на Nike ја прикажува олимпијката како вози скејтборд низ улиците на некој бразилски град, но сето тоа проследено со анимирани додатоци на самовилски крилја и слатки животинчиња кои ѝ помагаат во нејзините потфати.
Спотот е исто така проследен со песната “A Dream is a Wish Your Heart Makes” од дизниевиот анимиран филм “Cinderella” („Пепелашка“).
Рекламата е создадена со помош на креатината агенција Wieden + Kennedy São Paulo.