Снимките и фотографиите од вежбање дома се во фокусот на најновата кампања на Најк во соработка со агенцијата Wieden + Kennedy
Да се биде во затворен дома е предизвик сам по себе. А да се остане мотивиран е уште потешко. Бидејќи спортот и активности од секаков вид – од оние што се одржуваат на прволигашките стадиони до оние на кошаркарските терени во вашата населба – се откажани за време на глобалниот одговор на КОВИД-19, па секој што сака да остане фит или само здрав, се соочува со голем број предизвици.
Просторот е ограничен за многумина, се разбира. И можностите за вежбање во јавниот затворен простор обично не се опција. Покрај тоа, постои емоционална тежина за економската несигурност и стравувања за тоа колку штета може да предизвика коронавирусот на нашите семејства и заедницата.
Најк неодамна подигна мотивациско знаме за своите обожаватели, собирајќи ги околу кампањата „Играј за светот“, која пренесе едноставна порака за солидарност.
За таа цел, Најк во спработка со агенцијата Wieden + Kennedy Портланд лансираше нова инспиративна кампања, која прикажува колаж на фотографии и видеа направени во домовите ширум светот.
Во рекламата се појавуваат неколку спортски ѕвезди, меѓу кои и Леброн Џејмс и неколку таленти како што се сомалискиот боксер Рамл Али и одбојкарката на плажа Сара Хјус, па јасно е дека ова е порака за единство без оглед на спортската дисциплина.
Рекламата е дел од една многу поголема кампања на Најк, која за време на коронавирусот има за цел да им помогне на луѓето да останат активни. Тука се и вежбите во живо со „мастер-тренерите“ на Најк и забавното интерактивно натпреварување наречено Living Room Cup.