Брендот за спортска опрема Nike објави нова реклама во која цврсто застанува против „токсичното“ однесување во фудбалот и воопшто во спортот.
Како претставик на застарената „токсична школа“, се јавува стара, искината и гневна фудбалска топка кој на гледачите им пренесува одредени совети како тие да бидат алчни, груби и подли во нивната игра, доколку сакаат да постигнат успех.
Само што топката ја изговара реченицата „Добрите момци завршуваат последни“, се појавува младиот англиски фудбалер Маркус Рашфорд, инаку во јавноста познат како еден од „добрите момци“, кој ја шутира топката далеку од себе, означувајќи крај на „токсичната“ ера во фудбалот.
Рекламата е создадена со помош на адвертајзинг агенцијата Wieden+Kennedy London, со помош на студиото Black Kite Studios, задолжено за визуелните ефекти. Рекламата претставува продолжение на кампањата „Play New“ која Nike ја лансираше неодамна и се фокусира на поголема инлузивност во спортот.