Пред два дена во Лондон, на Светското првенство во атлетика, го видовме последниот настап на една од најголемите британски атлетичарски звезди Мо Фарах во трката во дисциплината на 1,500 метри.
По тој повод Nike во соработка со агенцијата Wieden + Kennedy Лондон, создадоа моќно видео за придонесот и жртвата на Мо Фарах, придружено со силни стихови поезија.
Видеото прикажува кадри од неговата тренинг програма, исечоци од настапи, згрчено тело и широки насмевки….
“Ти се смееш со насмевка која прави се да изгледа лесно – која ги тера луѓето да застанат и да зјапаат“ – вели нараторот и продолжува: “Среќата која ја чувствуваш – ја подаруваш на сите“. “Тие никогаш нема да погодат како ти стигна до таму“…..