Карантинот ги натера луѓето во домашни услови да се посветат повеќе на вежбањето и да се испробаат во нови спортови, додека пак Nike внимателно ја следи целата ситуацијата. После неколку моќни и инспиративни кампањи на врвни спортски херои, брендот за спортска опрема овој пат се се одлучи за спротивното – да се осврне врз „несмасните ситуации“ во спортот.
Новата реклама, насловена “Play New”, очекувано вклучува познати спортисти како светската шампионка во спринт Дина Ашер-Смит, кошаркарката Сабрина Јоанеску и осумкратниот параолимписки медалист Блејк Липер, но не при нивните најгламурозни моменти, туку во несмасните моменти кога испробуваат нови спортови. Во спотот гледаме како тие се сплеткуваат, ја промашуваат целта и се мачат да одржат рамнотежа.
„Навистина, можеби не е убаво за гледаење. Но, испробувањето на нешто што никогаш не сте го правеле претходно е како да започнувате да играте наново [“Play New”]. А, тоа е секогаш победа!“
Поуката е дека „несмасните“ моменти се неодминливи во спортот, односно тие се неопходен чекор кон достигнувањето на големи работи и победата.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Wieden + Kennedy Portland.