Една од најпопуларните франшизи на видео игри со воена тематика во светот, Call of Duty на компанијата Activision, планира да го лансира своето долгоочекувано продолжение Call of Duty: Modern Warfare II на 28 октомври 2022 година.
По тој повод, компанијата лансираше промотивен рекламен спот во кој се појавуваат низа на познати личности, вклучувајќи ги раперите Ники Минаж и Лил Бејби, комичарот Пит Дејвидсон и фудбалерот Букајо Сака, кои што заедно пеат ремикс на американската воена песна “I don’t know, but I’ve been told’ („Не знам, но ми е кажано“).
Спотот е фокусиран на рефренот “Squad Up” („Формирај го одредот“), кој истовремено го претставува и насловот на новата кампања, нагласувајќи го чувството на другарство и заедништво што проникнува во голем дел од културата на видео игри со повеќе играчи (т.н. „милтиплеер“ игри).
Камапањата се реализира со помош на креативната агенција 72andSunny.