Европската фудбалска Лига на шампиони се врати на стадионите, но поради пандемијата, таму не се вратија и навивачите. Тие останаа во своите домови, а натпреварите ги проследија преку малите екрани. Новата реклама на пивскиот бренд Heineken, долгогодишен спонзор на Лигата на шампионите, се фокусира токму на навивачкото искуство во „новата нормала“.
Спотот прикажува различни луѓе во различни контексти кои ја следат возбудливата игра од удобноста на својот дом, но паралелно сфаќаат колку всушност осамена може да се чини новата фудбалска нормала. Еден од нив е и поранешната фудбалска ѕвезда Тиери Анри, кој исто така се појавува во рекламата.
Меѓутоа, нивната заедничка љубов за фудбалот (како и за Heineken) е она што, без разлика на сé, ги сплотува и ги обединува нивните фудбалски емоции, во надеж за надминување на ваквата состојба и идно враќање на стадионите.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Publicis Italy и продукциското студио MJZ.