Досегашната потпретседателка на Фејсбук за регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка, Никола Менделсон, е назначена за претседателка на глобалната бизнис група на Фејсбук – највисоката позиција поврзана со огласување во компанијата.
Менделсон доаѓа на местото на Керолин Еверсон, која ја напушти позицијата во јуни. Во меѓувреме, Менделсон беше поставена како вршител на должноста на таа позиција, додека пак нејзин заменик како регионален директор за Европа, Блискиот Исток и Азија сé уште не е определен.
Никола Менделсон ќе биде задолжена за раководење со сите огласувачки деловни односи кои компанијата ги одржува со клиентите, што претставува бизнис еднаков на над 25% од вкупните трошоци за дигитално огласување во светот. Во 2020 година, Фејсбук се здобил со 84 милијарди долари како приходи од огласување преку платформите Facebook, Instagram и WhatsApp.
Пред да се приклучи на Фејсбук во 2013 година, Менделсон работела две децении во повеќе британски адвертајзинг агенции, каде биле претседател и на професионалното здружение на британските огласувачи (Institute of Practitioners in Advertising). Со новата работна позиција во Фејсбук, Менделсон ќе треба да се пресели од Лондон во Њујорк.