Британскиот мултинационален ланец на маркети Tesco ја лансираше својата нова кампања со која порачува дека ништо нема да ги сопре луѓето да уживаат во овогодишниот Божиќ.
Базирајќи се врз резултатите од една анкета дека 86% од Британците нема да дозволат ништо да ги спречи за да ја одржат Божиќната традиција, Tesco ја создаде кампањата “This Christmas, Nothing’s Stopping Us” („Овој Божиќ, ништо не нé сопира“).
Централниот спот на кампањата прикажува луѓе во различни ситуации кои не дозволуваат предизвиците да им го нарушат овогодишниот Божиќ, како што тоа се случи минатиот пат поради пандемијата. Дури се појавува и Дедо Мраз со сертификат за вакцинација за да може да патува низ светот!
Спотот е проследен со песната „Don’t Stop Me Now“ од Queen, која дополнително го зацврстува сентиментот на пораката.
Кампањата е реализирана со помош на агенцијата BBH.