Како дел од својата нова кампањата „Tomorrow Starts Tonight“ („Утрото започнува вечерва“), шведскиот бренд за мебел ИКЕА лансираше серија на креативни постери кои ја нагласуваат важноста на добриот сон во виталноста на луѓето.
Удобните перници, постелнини и јоргани на ИКЕА се ставени во опозиција на производи како пилули за спиење, енергетски пијалоци и креми против стареење, истакнувајќи дека „старомодниот“ сон е сепак најдоброто и најефективно решение за заморот.
Кампањата е дело на креативната агенција Mother London, а принтовите се создадени со помош на фотографот Ејми Курел и дизајнерското студио Andy Knight Ltd.