Петтиот, јубилејен фестивал на интегрирани комуникации KAKTUS 2019 ќе се одржи на 29 и 30 октомври во Опера и театар „Мадленианум“ во Белград, под слоганот “Make room for a new BLOOM“. Еден од најнаградуваните креативци во Америка, Жан Зампрогно a.k.a Зампа , креативен директор на DAVID The Agency Miami (САД) ќе го отвори овогодинешниот фестивал KAKTUS 2019 со темата „Listen, Smile, Agree, and Then Do Whatever the F*ck You Were Gonna Do Anyway”. По тој повод, поразговаравме со него за тоа дали адвертајзинг индустријата може да го промени светот.
Дали креативната индустрија може да го промни светот?
Компаниите се составени од луѓе. Некои луѓе не прават ништо, некои прават малку, а некои прават сé што можат за да го направат светот подобро место. Разликата е во тоа што компаниите имаат многу поголемо право на глас, буџети и моќ. Ако не направат ништо, тие не само што пропуштаат добра можност, туку и ризикуваат да немаат право на глас и да станат небитни на пазарот, исто како и луѓето кои не прават ништо. Верувам дека огласувањето, доколку се користи на вистински начин, е моќен канал за компаниите кои сакаат да бидат агенти за промени. Без разлика дали се согласуваме или не со нивното мислење, ние дефинитивно нема да ги игнорираме.
Можат ли нискобуџетните кампањи да имаат глобално влијание?
Јас го делам мислењето како и моите колеги во DAVID The Agency, дека кампањите што се создадени со мал или целосно без буџет имаат потенцијал да се слушнат и да создадат сериозна глобална „врева“. Според мое мислење, потрагата по “дупки“ е најинтересниот дел од оваа работа. Затоа секогаш велам: „You can hack culture, you can hack legal constrains, but hacking budget is the funniest part“.
Оваа година ja направивме „BK Bot“ за Бургер Кинг, којa освои два златни лавови, сребро и бронза, користејќи само снимки од претходните кампањи за храна. Исто е и со кампањата „Try not to year this“ за Кока Кола, каде што користевме слики од внатрешната база на Кока Кола. Исто така, кампањата McMansions ја направивме со слики објавени во Чикаго Трибјун, каде што раководството на Мекдоналдс ги објавува своите вили кои се за продажба. Сите овие се јавни фотографии, само требаше да платиме за авторските права. Дури и за Суперболот, каде брендовите генерално плаќаат милиони за продукција на спотови, ние го сторивме истото и „Eat like Andi“ го направи Бургер Кинг најбараниот бренд за време на натпреварот.
Со која кампања најмногу се гордеете?
Тешко е да се каже затоа што секој од моите фаворити “погодува“ различна публика. Но, ако зборуваме за гордост, сè уште сум многу приврзан кон нашиот прв хит „This Coke is a Fanta.“. Овој израз беше присутен на пазарот со децении и никој не направи ништо за да одговори на него. Преку ноќ сите од Бразил зборуваа за тоа, од касиерките во супермаркетите до професорите на Универзитет. Од најактивните славни личности до најконзервативните јутубери кои повикуваа на бојкот. Google Insights ни помогна да докажеме дека претворивме хомофобичен израз во симбол на гордост. Ова беше клучна кампања во земја која според мене е најхомофобична во светот.
Повеќе информации за фестивалот KAKTUS 2019 можете да пронајдете на сајтот www.kaktus.rs.