Огласувачката агенција The Gate од Њујорк е основана во 1872 година и претставува втората најстара огласувачка агенција која сé уште работи денес (прва е J Walter Thompson, сега дел од Wunderman Thompson).
Низ својата долга 150-годишна историја, The Gate има сменето неколку имиња (првото име ѝ било Mandel and Frank) и голем број на клиенти. Со некои од нив, пред стотина години, во сосема различни општествени контексти, биле создадени и кампањи кои денес би се сметале за „сосема неприфатливи“.
Имајќи го во предвид сето тоа, агенцијата се одлучи за својот роденден да испрати неколку хумористични извинувања до своите стари клиенти, меѓу нив и до италијанскиот производител на тестенини Buitoni (основан во 1827), францускиот бренд на накит Cartier (основан во 1840) и британската бродска компанијата Cunard (основана во 1847).
Кампањата има очигледен хумористичен карактер, истовремено покажувајќи колку долго време всушност опстојува The Gate и колку долг развоен пат поминала за да дојде до денешното ниво на креативна извонредност.