НЛБ Бaнка и оваа година го спроведува проектот #НЛБ Рамка за помош, со цел да им помогне на микро и малите претпријатија како важен столб на македонската економија, кои се најпогодени од последиците на пандемијата со вирусот Covid-19.
Со овој проект НЛБ Банка им овозможува на микро и малите претпријатија поддршка преку бесплатно рекламирање и промовирање на нивните продукти и услуги преку различни медиуми и канали. Дополнително за избраните фирми Банката ќе овозможи и одредени поволности во областа на електронската трговија (e-commerce).
Повикот за микро и малите компании кои би сакале да се вклучат во проектот е отворен до 10 мај, а критериумите за избор и формата за аплицирање можете да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК.