Дури и ноевите ги прават невозможното со помош на виртуелната реалност.
Љубопитниот ној во последната реклама на Samsung со користење на технологијата на виртуелната реалност конечно го исполнува својот сон. Тој успева да летне над облаците!
Овај пердувест амбасадор на брендот по игра на случајност завршува со главата заплеткан во Gear VR и одеднаш се наоѓа во симулатор за летање – благодарение на кој лета над облците за прв пат од кога неговите предци останале приковани за земјата пред повеќе милиони години.
Со ширум отворени очи, нојот почнува да ги испробува своите крилја и да трча покрај збунетото јато, за да заврши на крај со клунот во прашината.
Но, упорноста се исплати, па на крајот од спотот птицата величенствено се издигнува на небото, со пораката: „ We make what can’t be made. So you can do what can’t be done“.
http://www.youtube.com/watch?v=hjKd24UCPYY