Во пресрет на премиерата на “No Time To Die” оваа есен (новото филмско дополнување на франшизата „Џејмс Бонд“), финската технолошка компанија Nokia ја лансираше својата нова реклама која ја истакнува мултифункционалноста на новиот смартфон Nokia 8.3.
Рекламата во „џејмсбондовски“ стил ја следи агентката Номи, глумена од страна на британската актерка Лашана Линч, која се приклучува на MI6 после пензионирањето на Бонд.
Номи стои на врвот од зграда во Лондон и набљудува една група на сомнителни лица на брегот на реката Темза, а единствениот уред кој ѝ е потребен за извршување на своите задачи е токму телефонот на Nokia, кој ги има сите потребни алатки, издржливост на батерија и безбедна конекција за да биде врската помеѓу агентот и агенцијата.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Grey London и продукциската куќа Pulse Films. Покрај спотот, таа ќе вклучува и out-of-home, дигитални, малопродажни и активности на социјалните мрежи и во кино.
Кампањата оригинално требаше да биде лансирана на 8 март, но поради одложувањето на самата премиера на филмот, беше одложено и нејзиното лансирање.