Британскиот бренд за луксузна мода Burberry ја лансираше својата нова кампања насловена “Night Creatures” („Ноќни суштества“).
Централниот видеоспот на кампањата започнува со група млади луѓе кои патуваат во ноќен автобус во Лондон (се разбира, облечени во препознатливи карирани парчиња облека). Кога автобусот нагло застанува, тие гледаат луѓе кои избезумено бегаат од нешто на улицата.
Љубопитни, тие се упатуваат во правец на она што изгледа како огромна градба на средината на патот, која се чини дека ги вовлекува внатре. Всушност се работи за воземјанин/чудовиште кое со пипалата ги фаќа младите луѓе. Но наместо нешто страшно, следува прекрасен бестежински танц во урбаниот пејзаж во Лондон. Конечно, чудовиштето со младите се спуштаат и отплоуваат по реката Темза.
Кампањата претставува продолжение на креативниот стремеж на Burberry за лансирање надреални спотови налик на соништа. Ваквата креативна насока е инспирирана од основачот на брендот Томас Бурбери кој во својата книга „Отворени простори“ има напишано: „Својствено за секоја облека на Burberry е слободата“.