Норвешкото парламентарно законодавно тело неодамна донесе закон со кој ќе бара од сите инфлуенсери и огласувачи јасно да ги обележуваат ретушираните фотографии кои ги публикуваат на социјалните мрежи.
Новото правило е донесено како амандман на Законот за Маркетинг, со 72 гласа за, наспроти 15 против.
Со новата легислатива, реклами или објави во кои формата на човековото тело, неговата големина или текстурата на кожата се ретуширани, дури и преку филтер, ќе мора да содржат специјална ознака дизајнирана од норвешкото Министерство за деца и семејни прашања.
Примери на ретуширани фотографии вклучуваат зголемени усни, стеснати половини и преувеличени мускули, меѓутоа во оваа категории нема да влегуваат промени во осветлувањето и сатурацијата на боите во фотографијата.
Инфлуенсерите и јавните личности кои објавуваат платени или спонзорирани фотографии на Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Снепчет и ТикТок, исто така ќе мора да се придржуваат до новите законски одредби. Во спротивност, ќе мора да се соочат со финансиски казни.
Воведувањето на ноиот зако доаѓа во време на континуирана јавна дебата во Норвешка околу нереалните стандарди за убавина и притисок. Министерството за деца и семејни прашања цитирало повеќе студии кои покажуваат дека ваквите стандарди имаат големо негативно влијание врз самодовербата на младите.
Од Министерството исто така се свесни и посочуваат дека препознавањето и одредувањето на манупулација со фотографии станува сé потешка задачи во денешницата, што и ќе го отежни спроведувањето на законот.
Според досегашните реакции од страна на норвешките инфлуенсери, новиот закон е примен со голема доза на одобрување.