Британската адвертајзинг групација WPP го соопшти именувањето на Бајџу Шах како нов глобален извршен директор на агенциската мрежа AKQA.
Бајџу доаѓа од Accenture Song, каде што до неодамна беше глобален директор за стратегија. Неговото именување ја одразува мисијата на WPP да испорачува високо квалитетна креативност во комбинација со експертиза во областа на вештачката интелигенција, податоците и технологијата.
Бајџу ќе го води AKQA во време кога клиентите настојуваат да ги претворат брзите културни промени и вештачката интелигенција во нови можности. Неговата длабока експертиза во креативноста, стратегијата, технологијата и вештачката интелигенција ќе им помогне на брендовите да го искористат овој момент и ќе го води AKQA во нејзината следна фаза. Именувањето претставува зацврстување на заложбата на AKQA за креативна иновација на глобално ниво, со фокус на градење производи, услуги и искуства што инспирираат, поттикнуваат раст и носат трајно влијание за луѓето, брендовите и општеството.
Во текот на 25 години, Бајџу соработувал со водечки глобални брендови за да ја зајакне нивната релевантност меѓу потрошувачите и да ги подобри нивните деловни перформанси. Како коосновач на Accenture Song (порано Accenture Interactive), креативниот оддел на Accenture, тој беше глобален директор за стратегија и виш управен директор, обликувајќи ја нејзината визија, стратегија за раст, аквизиции и понуди.
Во најското време, тој ја водеше трансформацијата на Accenture Song за вградување на вештачката интелигенција во креативните услуги на агенцијата, управувајќи со глобален тим фокусиран на користење на новите технологии за да им помогне на клиентите да иновираат на одговорен начин и да останат во чекор со техонолошките промени.
Бајџу е длабоко посветен на зајакнување на врските меѓу креативноста и деловниот раст, осигурувајќи дека идеите на AKQA не само што ќе инспирираат, туку и ќе носат мерливо влијание за клиентите. Неговото доаѓање се надоврзува на неодамнешните лидерски назначувања во рамки на глобалниот извршен комитет на AKQA, означувајќи нова фаза во соработката, иновациите и амбицијата за продлабочување на партнерствата со клиентите. Еден од најновите успеси во оваа насока е Grand Prix награда за „Иновации“ на фестивалот Cannes Lions 2025, како признание за пионерската креативна работа на компанијата.