V+O Group продолжува со својата еволуција и од денес настапува под името V+O Group | SEC Newgate, одразувајќи сè што групацијата денес претставува во однос на капацитети, талент, влијание и опфат – на национално, регионално и меѓународно ниво. Оваа промена е природно продолжение на патот што V+O го трасираше во изминатите години: континуиран раст, развој и зајакнување на своите можности, со силна посветеност кон вредностите, луѓето и клиентите.
Вклучувањето на SEC Newgate во името на групацијата претставува синтеза на две комплементарни сили. Од една страна, длабокото локално познавање и експертиза на V+O, како и нејзиното силно присуство во стратешки значајниот регион на Југоисточна Европа. Од друга страна, меѓународниот обем и експертиза на SEC Newgate – динамично растечка глобална група со силно и активно присуство во клучните центри на меѓународно донесување одлуки (Њујорк, Вашингтон, Брисел, Лондон). SEC Newgate неодамна беше прогласена за Глобална агенција на годината 2025 на Global SABRE Awards и за Најдобра агенција на годината за Континентална Европа 2025 на EMEA SABRE Awards.
Тети Канелопулу, извршна директорка на V+O Group | SEC Newgate, изјави: „Одразувањето на нашата поврзаност со мрежата на SEC Newgate е природна еволуција на партнерство изградено и развивано врз заеднички вредности и заедничка амбиција за раст, без отстапување од она што нè донесе до тука – нашите луѓе, нашите клиенти и високите стандарди на нашата работа. Во исто време, ова создава услови за дополнително зајакнување на нашите тимови преку меѓународно знаење и поврзаност, како одговор на сè покомплексното опкружување обележано со геополитичка неизвесност, регулаторни предизвици, криза на доверба и зголемена потреба од анализа на податоци и стратешки увиди.“
Јанис Олимпиос, извршен претседател на V+O Group | SEC Newgate, додаде: „Во свет кој брзо се менува, еволуцијата не е избор – таа е неопходност. Со почит кон историјата на V+O и силата на нашиот бренд, и со јасен поглед кон иднината, ја правиме нашата меѓународна сила повидлива, без да го изгубиме нашиот карактер и локален идентитет. Се развиваме преку партнерства со суштина и длабочина, во корист на нашите луѓе, партнери и клиентите кои ни ја укажуваат својата доверба.“















