Цевитана – “За обичните суперхерои“ е новиот слоган во новата комуникациска платформа на добропознатиот освежителен пијалок која вклучува и нов дизајн, пакување и секако нова ТВ реклама.
“Со ребрендирањето на Цевитана сакавме да создадеме една нова приказна за овој семеен пијалак. Со новиот изглед на производот додаваме вредност на витаминскиот пијалак како дел од една животна приказна, како дел од секојдневието на обичните суперхерои – секој од нас што успешно се справува со предизвиците на денот. Идејата е да бидеме проактивни, да бидеме чекор понапред од конкуренцијата задржувајќи го високиот квалитет на производот“, изјави Влатко Трпаноски, комерцијален директор во „Витаминка”.
Модерниот изглед, силните и интензивни бои, ја отсликуваат внатрешноста на производот, инстант витамински освежителен пијалак, што ги задоволува потребите од витамини во дневната исхрана. Со овие карактеристики, Цевитаната и понатаму останува пијалакот со кој растеле родителите и нивните деца, со кој ќе растат и новите генерации и ќе ги препознаваат хероите во лицата на своите родители.