Агенциската мрежа Dentsu го објави својот годишен извештај за медиски трендови со наслов „Темпо на напредокот: Медиски трендови за 2024 година“. Создаден преку собирање на податоци и увиди од своите експерти во агенциите Carat, Dentsu X и iProspect на глобално ниво, новиот извештај на Dentsu ги истакнува десетте клучни катализатори на промени во медиската индустрија кои најверојатно ќе го одредат темпото на напредок за брендовите ширум светот.
На повеќе од 40 страници со детални коментари, извештајот екстраполира како генеративната вештачка интелигенција најдобро ќе се користи за да се поттикне растот, како монетизацијата на индустријата добива на сила и како вистинскиот интегритет во огласувањето ќе ги издигне брендовите. Извештајот не само што ги истакнува клучните трендови во секоја од овие три области на фокус, туку дава и предлози за тоа како брендовите можат да ги применат на краток и долг рок.
„Нашето претходно истражување за клиентите покажа дека повеќе од 60% од маркетерите веќе почнале да користат генеративна вештачка интелигенција во нивната компанија. Па така, во нашиот извештај за медиските трендови во 2024 година, ни беше важно да ги идентификуваме и презентираме дополнителните силни страни, трендови и технологии за да им помогнеме на клиентите да напредуваат во овој простор. Кога ќе ги собереме експертите од нашите медиски агенции ширум светот за да ги изработиме овие предвидувања, од суштинско значење е да ги прикажеме најитните теми и најдобрите можности за иднината. Овој извештај го прави токму тоа, на практичен и лесно достапен начин“ – објаснува Питер Хуијбум, глобален извршен директор за маѓународни медиски пазар во Dentsu.
Според новиот извештај на Dentsu, клучните предвидувања за насоката на развој на медиската индустрија во 2024 година, но и понатаму ќе бидат:
Генеративната вештачка интелигенција го зазема централното место
Генеративната вештачка интелигенција е најголемиот технолошки напредок во последната деценија. Со оглед на тоа што 63% од маркетерите велат дека веќе почнале да користат генеративна вештачка интелигенција во нивната компанија, технологијата ќе заземе централно место во претстојните месеци и години. Од пребарување до креативност, до медиско планирање и продукција, генеративната вештачка интелигенција ја издигнува медиската ефективност до нови височини. Оваа тема се истражува преку:
Тренд 1: Пораст на генеративното пребарување – Генеративната вештачка интелигенција ќе го трансформира начинот на кој луѓето пристапуваат до информации, од пребарувачи до платформи за тргување.
Тренд 2: Повторно осмислена креативност – Подобрување на човечката креативност преку генеративна вештачка интелигенција во области како што се создавање содржини и пишување текстови, како и создавање на слики.
Тренд 3: Генеративнa оптимизациja – Искористување на генеративната вештачка интелигенција за да се поедностави продукцијата на реклами, таргетирањето и ефикасноста во обем и темпо.
Трка за монетизација
Во 2024 година, ќе сведочиме на засилена конкуренција помеѓу технолошките платформи. Додека се обидуваат подобро да ги монетизираат своите услуги во предизвикувачки економски услови, платформите значително повеќе ќе се фокусираат на заштита на нивните податоци, разбирање на нивните корисници и зајакнување на нивните огласувачки понуди. Овој мегатренд вклучува:
Тренд 4: Свет на слични апликации – Како што платформите стануваат сè повеќе слични, привлекувањето на вниманието на публиката никогаш не било поважно за брендовите.
Тренд 5: Од оградени градини до оградени цевки – Платформите имаат поголем одбранбен став кон нивните податоци, што го покренува поголемото прашање за деликатната рамнотежа помеѓу заштитата и можноста за откривање.
Тренд 6: Рефокусирање на идентитетот – Како што се приближува крајот на колачињата од трети страни, медиските платформи значително повеќе инвестираат во длабинско разбирање на луѓето.
Тренд 7: Повеќе реклами за поголем поврат – Проширувањето на огласувањето во нови области за повеќето платформи, со нови формати, можности – и ризици – кои се појавуваат како резултат.
Економијата на интегритет
Растот во следната година нема да биде само во тешка економија; ќе се разговара и за одржливите придонеси на брендовите во општеството. Во услови на растечка социјална и политичка поларизација и климатски промени, изградбата на повеќе јаглеродно ефикасни, разновидни и безбедни онлајн простори за луѓето и брендовите, ќе биде од клучно значење за успехот. Ова ќе биде истакнато преку:
Тренд 8: Новите лица на растот – Како што консумацијата на медиумите станува поразновидна и персонализирана, брендовите мора да се прилагодат за да ги одразуваат потребите и идентитетот на публиката и да останат релевантни.
Тренд 9: Побезбедни, подобри, побрзи, посилни – Во услови на брзо менување на дигиталниот пејзаж, новитетите во зајакнувањето на бредндовите ќе имаат за цел да создадат побезбедни средини, како за луѓето, така и за самите брендови.
Тренд 10: Повеќе внимание, помалку емисии – Како што брендовите имплементираат медиски стратегии со подобра ефикасност во однос на јаглеродниот отпечаток, оптимизирањето за внимание треба истовремено да води кон декарбонизација преку оптимизирано и подобрено влијание.
Доколку сакате да дознаете повеќе за медиските трендови во 2024 година, целосниот извештај на Dentsu можете да го преземете на следниот ЛИНК.