Во Бристол беше откриен нов мурал на уметникот Бенкси, наречен “Aachoo!“(Апчиха) . На него се гледа постара жена со бастун и шал, чија протеза паѓа од силата на кивањето.
Муралот се наоѓа во Бристол, во една од најпознатите улици во тој град, позната по тоа што е една од најстрмните во земјата.
Бенкси на својот профил на Инстаграм објави фотографии од муралот, со натпис „Aachoo!!“
Капките на графити се поврзани со ширење на коронавирусот, пишуваат медиумите, а муралот го привлече вниманието на посетителите и покрај епидемијата.
View this post on Instagram
Бенкси е еден од најпознатите анонимни улични уметници на нашето време. Тој ги претставува своите дела како сатирични, опфаќајќи теми од политиката, културата, со изразен печат на критика на потрошувачкото општество.
Бенкси се обидува да испрати пораки што се антивоени, антикапиталистички преку своите цртежи… Со еден збор, тој се бори за слобода и против системот.
Со своите дела, Бенкси придонесе за фактот дека уличната уметност повеќе не се гледа како „шкртање“ и вандализам, туку како легитимен дел од поп-културата.
Негово платно може да стане секој ѕид во кое било време. Тој успеа она што никој пред него не го сторил, да ја донесе уличната уметност во светските музеи. Секој зборува за него, иако никој не знае како изгледа, тие знаат само дека тој ги потпишува своите дела под псевдонимот Бенкси.
Најпознатата слика на Бенкси „Делегиран парламент“ минатата година беше продадена на аукција за 9,9 милиони фунти (12,9 милиони долари).