И покрај тоа што неодамна Фејсбук откри дека неговите адвретајзинг продажби се зголемиле за 45% во годината, односно 4.3 милијарди долари во третиот квартал, сепак несомнено е дека би сакал да има поголем удел во маркетинг буџетите на локалните бизниси.
Техолошкиот гигант објави дека ќе лансира два нови производи за локални бизниси насочени да им помогнат во подоброто разбирање на пешачкиот сообраќај во нивната околина и да им овозможи на тие со повеќе локации да таргетираат реклами за специфични продавници.
“Ова се два начини за бизнисите да ја разберат состојбата на пешачкиот сообраќај околу нивните продавници и да им се даде можност да гледаат каков ефект имаат нивните маркетинг кампањи врз пешачкиот сообраќај”, изјави Мат Идема, потпретседател за монетизирачки продукт маркетинг на Фејсбук.
За почеток, компанијата лансираше нов таб во Page Insights со што бизнисите подобро ќе ги разбираат групите на луѓе околу нивната продавница. Гледајќи врз агрегираните демографски податоци и локални трендови, бизнисите можат да видат (бидејќи локацијата на корисниците на мобилната Фејсбук апликација е често позната) кога нивното соседство е најраздвижено.
Претставник на Фјесбук изјави дека трговците ќе можат да видат колку анонимни Фејсбук корисници биле на 150, 450 или 1500 стапки одалеченост од нивните продавници. Тие исто така ќе можат да видат агрегирани демографски податоци како возраст и пол, за луѓето во близина, заедно со тоа дали некој е мештанин или посетител.
Фејсбук се надева дека можноста да се разбира соседството ќе им помогне на бизнисите да се чувствуваат подобро дали нивните реклами допираат до луѓето кои се блиску до нивните продавници.
“Сега, за прв пат, адвертајзерите ќе можа де видат колкав процент од луѓето во близина ја имаат видено рекламата, помагајќи им да разберат колку нивните реклами допираат до потенцијалните клиенти”, беше напишано во блог постот кој ја соопшти новината. “Со тек на време, новата метрика ќе може да им помогне на адвертајзерите да направат конекција помеѓу досегањето до поголем процент на луѓе во близина и постигнувањето на бизнис резултати за кои се грижат”.
Таргетирањето на локалниот сообраќај се вклопува и со еден нов продукт. Како следен чекор од минатогодишното лансирање на Local Awareness Ads, Фејсбук ќе создаде локациско-специфични реклами за бизниси со повеќе продавници. Фејсбук истакна дека оваа алатка ќе помогне во поедноставувањето на таргетирњето реклами, овозможувајќи им на бизнисите да одберат за кои продавници сакаат да се јавува рекламата.
Луѓето најблиску до дадена продавница или ресторан ќе можат да го видат името и адресата, заедно со call-to-action копче кое ќе нуди насоки за движење или телефонски број. Рестораните, како еден пример, со неколку локации во еден град веројатно ќе откријат дека оваа алатка е вредна за тестирање.
“Како дополнување на рекламите кои се локално релеванти, начинот на кој тие реклами ќе бидат прикажани на луѓето во системот исто така ќе биде локален”, додаде Идема.