Почнувајќи од денес, 19 февруари 2024, северноамериканските потрошувачи ќе можат да ја купат новата Coca-Cola Spiced со вкус на малина и други природни зачини.
Во последните неколку години Coca-Cola постојано експериментира со нови вкусови во ограничени изданија, но новата Coca-Cola Spiced ќе биде првиот вкус додаден кон трајното портфолио на брендот во последните три години. Истата ќе биде достапна на пазарите во САД и Канада во варијанта со и без шеќер.
Вкусот е опишан како „освежителна верзија на малина во комбинација со култната формула на Coca-Cola, што завршува со топла зачинетост“. Според компанијата, се работи за „иновација со најхрабриот вкус досега“.
„Постојано ги следиме трендовите во индустријата и истражуваме нови начини да им понудиме на нашите клиенти поголем избор. Луѓето сакаат да експериментираат со уникатни вкусови и Coca-Cola Spiced е директен одговор на тој тренд“ – објаснува потпретседателката на маркетинг на Coca-Cola, Сју Лин Ча.