Дневниот весник Вечер (Љубљана, Словенија) го издвои одделот за маркетинг во самостојна агенција AD+Value која е активна од 14 септември 2020 година. Тие планираат компанијата да се занимава со спроведување на сеопфатни маркетинг активности на пазарот. Како што изјави за „Маркетинг магазин“, Миха Кланчар, директор за маркетинг и продажба, тие се одлучиле на овој потег по долго размислување уште пред корона кризата, која само дополнително го забрзала процесот.
„Причината за тоа се промените на пазарот. Во нашата секојдневна работа, честопати се среќаваме со посеопфатни предизвици на нашите клиенти, кои не можеме да ги решиме само со рекламирање во весници, а тоа дополнитено се актуелизира со корона кризата. Ние веќе реализираме комплетни услуги од областа на маркетингот за нашите клиенти, а со формирањето на агенција имаме намера тоа да го прошириме“, вели Кланчар.
Во агенцијата моментално се вработени 10 луѓе, а според Миха Кланчар, тие веќе се во процес на проширување на тимот. Задачите на новата агенција ќе вклучуваат организација на настани, контент маркетинг, дигитален маркетинг, целосни креативни концепти и продукција.