Google го лансираше новиот специјализиран истражувач чија цел е да им помогне на новинарите и истражувачите да пронајдат јавни достапни сетови на податоци.
Google Dataset Search го користи препознатливиот дизајн и начин на пребарување на Гугл, за да им помогне на новинарите, научниците и другите истражувачи во пребарувањето на јавно достапни сетови на податоци.
Алатката е моментално во бета верзија и вклучува податоци од различни владини агенции, информации за времето и сетови на податоци од новински организации, а ги собира од дигитални библиотеки, владини бази на податоци и лични веб-страници.
Google оваа година направи неколку чекори за подобрување на пребарувачот за потребите на новинарите, како што е подобрено прикажување на табеларните податоци и персонализација и полесно откривање на вести во Google News.
Google Dataset Search можете да го испробате тука.