Фејсбук лансира нова апликација со која на малите бизниси ќе им овозможи од едно место да управуваат и менаџираат со своите страници и профили на Фејсбук, Инстаграм и Месинџер.
Апликацијата имнувана Facebook Business Suite ќе ја обедини бек-енд инфраструктурата на трите апликации, така што сопствениците на малите бизниси ќе можат да добиваат пораки и известувања во еден заеднички инбокс. Од компанијата наскоро планираат да го интегрираат и WhatsApp.
Апликацијата исто така ќе им овозможи на малите бизниси да објавуваат на Фејсбук и Инстаграм во исто време, како и да ги следат резултатите од нивните огласувачки кампањи на двете платформи.
Апликацијата е веќе достапна за малите бизниси на глобално ниво, додека пак верзијата за големите бизниси ќе биде достапна од следната година.
„Последните месеци беа тешки за малите бизниси насекаде во светото и иако постојат причини за оптимизам, сé уште претстојат многу несигурности. Но, што и да се случи, Фејсбук ќе продолжи да прави сé што може за да им помогне да се адаптираат, преживеат и напредуваат во онлајн просторот,“ се заклучува во соопштението на Фејсбук по повод лансирањето на новата бизнис апликација.