Додека некои производители на паметни телефони и телекомуникациски брендови не уверуваат дека нивните уреди можат да ги направат празниците посебни, сепак сеуште постојат некои кои тврдат дека Божиќ е еден од оние најсвети денови кога би требало да ги исклучиме своите телефони.
Оваа реклама која ја креираше агенцијата Mother за компанијата Nokia, не` потсетува дека и покрај сите придобивки од паметните телефони, сеуште постојат случаи кога тие не ни се потребни. Рекламата завршува со пораката:„Исклучете се за овај Божиќ. Дајте си подарок за себе“.
Пека Рантала, маркетинг директор во матичната куќа на Nokia, HMD Global, изјави: „Освен што покажавме колку нашите телефони се моќни во поврзувањето на луѓето, храбро изјавивме дека ништо, дури ни сопствените производи не може да го надоместат вистинското време поминато заедно со најблиските.“