Германскиот луксузен бренд за модни додатоци Montblanc го ангажираше непалскиот алпинист Нимсдај Пурџа за новото продолжение на кампањата “What Moves You, Makes You”.
Во 2019 година, Нимсдај Пурџа го сруши светскиот рекорд за искачување на 14 највисоки врвови во светот над 8,000 метри во рок од само седум месеци. Неговиот потфат стана меѓународно познат по лансирањето на документарниот филм “14 Peaks: Nothing is Impossible” од Netflix.
Но, иако Пурџа напиша книга и за него беше снимен споменатиот документарец, Montblanc си постави за задача да претстави еден нов агол од животот и ликот на Нимсдај Пурџа.
Брендот се фокусираше на трите состојби на умот кој Пурџа го одведоа до целта на својот потфат, и тоа: страв, посветеност и мотивација. Секоја од овие емоции доби сопствен спот во новата кампања на Montblanc.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Wieden+Kennedy Amsterdam, а покрај трите спотови, ќе вклучува и промотивни активности во онлајн просторот како и во самите физички продавници на Montblanc.
Официјален застапник на Montblanc во Македонија е Божиновски часовници и накит.