Американскиот автомобилски бренд Chevrolet ја емитуваше својата нова реклама за време на одигрувањето на синоќешниот NFL Super Bowl, насловена „Нова генерација“.
Во неа, брендот ја рекреира иконичната почетна сцена на мега-популарната телевизиска серија „Сопранови“, во која главниот лик Тони Сопрано вози од Менхетен до Њу Џерси.
Но, за разлика од оригиналот, тука вози актерката Џејми-Лин Сиглер, која ја во серијата ја толкуваше улогата на ќерка на Тони Сопрано. Притоа, наместо да пуши цигара, таа се решава за лижавче.
Сепак, клучната промена во рекламата е тоа што стариот автомобил “1999 Chevy Suburban”, сега е заменет со новиот електричен Chevy Silverado EV.
Рекламата завршува со сцена во која Сиглер го става на полнење својот автомобил и потоа го прегрнува својот „брат“ Роберт Илер.
Кампањата е создадена со помош на адвертајзинг агенцијата Commonwealth/McCann.