Пепси ги најми ѕвездите од марвеловиот филм „Ant-Man“, Пол Руд и Мајкл Пења, да бидат заштитните лица на нивната нова хумористична реклама за пијалокот Pepsi Max – „No Can Left Behind“.
Во спотот, холивудското актерско дуо глуми астронаути кои се спремаат за полетување со ракета, но им текнува дека ја заборавиле најважната намирница во нивната вселенска мисија – Pepsi Max. Руд наеднаш излегува од ракетата да стигне до најблиската вендинг машина пред полетувањето, но работите не се одвиваат според планот – следуваат низа смешни надреални моменти кои дури знаат да Ви предизвикаат чувство на мала нелагодност и исчекување дали „нашите“ јунаци ќе успеат во својот потфат.
Агенцијата која стои зад кампањата е AMV BBDO, а режисер е Таика Ваитити, познат по тоа што беше режисер на друг филм на Марвел – Thor: Ragnarok.