(27.08.2020) – Брендот за луксузни производи и модни додатоци Montblanc лансираше нова глобална кампања која се фокусира на страста, истрајноста и долгиот пат до успехот.
Заштитни лица на новата кампања на Монблан се режисерот Спајк Ли, актерот Тарон Егертон, како и пејачот и актер Чен Кун, кои во серијата на кратки спотови зборуваат за својот развој, креативни достигнувања и амбиции за иднината.
Кампањата е реализирана со помош на креативната агенција Wieden & Kennedy Amsterdam и продукциската куќа Smuggler.