Брендот за безалкохолни пијалаци Coca-Cola ја лансираше својата нова кампања по повод почетокот на исламскиот свет месец Рамазан, илустрирајќи наратив кој ги надминува културните граници и го промовира заедништвото.
Централниот анимиран спот на кампања има за цел да го долови духот на богатите традиции на Рамазан, фокусирајќи се на моментите на поврзување, единство и радос. Спотот започнува со конвој камиони на Coca-Cola, препознатливи по нивната празнична симболика, чија мисија е да го одбележат почетокот на Ифтар. Камионите се трансформираат во трпези и стануваат фокусна точка во заедницата за заедничка празнична вечера – секако збогатена со шишиња Coca-Cola.
Низ приказната се раштркани повеќе мини-моменти што ги одразуваат емпатијата и великодушноста суштествени за Рамазан – емотивни семејни собири, неочекувани пријателства, изненадени селфи-гости и бран на подвижни столчиња додека секој остава простор за уште еден. „Сакавме анимацијата да се чувствува енергично, полна со живот и навистина да го долови чувството на славење. Целта беше да имаме збир на поинтимни моменти помеѓу ликовите кои комбинирани заедно создаваат свет полн со живот“ – вел Крис Велсби, супервизор за анимација во продукциската компанија The Mill.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција AKQA и продукциското студио Mill+, под режисерската палка на Тим Фокс.