Францускиот бренд на луксузна мода Dior ја најави новата женска колекција за сезоната есен-зима 2024/2025, а по тој повод лансираше и нова огласувачка кампања.
Создадена според визијата на креативната директорка Марија Грација Чури, колекцијата е инспирирана од популарната мода на доцните 1960-ти години, но согледана низ филтер на современата урбана култура. Па така, во колекцијата за прв пат се вклучува новото лого на под-брендот “Miss Dior”, испишано во графити стил и аплицирано во голем размер на чорапи, јакни, здолништа и чанти.
Илустративниот материјал за кампањата е снимен во амбиент на лускузен апартман, опремен во ретро стил, кој сепак зрачи со одредена доза на мистериозност и нуди одлична позадина за модните комбинации кои ги носат моделите на Dior.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција Publicis.