Социјалната мрежа Instagram лансираше нова глобална бренд платформа насловена “Yours to Make” (буквален превод – „Ваше за правење“).
Во центарот на кампањата е ставена идејата за себеоткривањето. Имено, според Instagram, идентитетот за младите луѓе не е нешто дефинирано, туку нешто што постојано се истражува.
Поврзувањето со различни луѓе, откривањето и експериментирањето со нови интереси и споделувањето на сопствената перспектива за работите во светот се дел од тоа патешествие на младите, а од компанијата веруваат дека нивната социјална мрежа има значаен удел во тој процес кај денешната младина.
Централниот спот во кампањата прикажува различни млади луѓе, вистински креатори на содржини и секојдневни корисници на платформата, кои ги користат различните алатки на Instagram за да ги прошируваат границите на креативноста, екпериментирањето и самоизразувањето.
Кампањата е создадена со помош на адвертајзинг агенцијата Johannes Leonardo од Њујорк, заедно со внатрешниот креативен тим Creative X на Facebook, матичната компанија на Instagram.