Кој е најстариот хрватски бренд? Со оглед на традицијата долга 190 години, не е невозможно тоа да е токму Јамница
Прославата на 190 години од своето постоење Јамница го обележува со посебен спот, во кој сака да укаже на својата долга традиција и присуство во сите важни моменти од хрватската, па светската историја и воедно да претстави специјално издание на шишиња со историски етикети.
Новиот ТВ-спот е дело на агенцијата ZOO, новиот креативен партнер на Јамница. Станува збор за музички видео колаж што нè води низ некои од најпрепознатливите и најемотивните моменти на хрватската историја. Инаугурацијата на бан Јелачиќ, момент во кој Никола Тесла ја открил наизменичната струја, носталгичните и препознатливи моменти кога во 70-тите се купувало преку граница, моќни кадри од прославата на независноста во 1991 година, освојувањето на Светското фудбалско првенство во 1998 година, легендарната трка на Јаница Костелиќ од 2006 година…Сите овие и многу други моменти се вткаени во хрватската историја и колективната меморија. Интересно, во сите овие важни моменти уште од 1828 година, сопатникот е токму Јамница.
Со цел да се освежат сеќавањата на големите моменти од хрватската историја и историјата на Јамница, брендот по повод на својот 190 роденден во продажба пушти шишиња со историски етикети. Се работи за внимателно реконструирани реплики на 6 етикети за периодот од 1880 до 1986 година кои можат да се најдат во продавниците низ цела Хрватска.