Со задоволство Ви ја претставуваме новата кампања на Неотел за новите интернет и ТВ пакети со далеку поголеми брзини, за потребите на секој нов корисник, сработена од маркетинг-агенцијата Division. За таа цел, поразговаравме со претставници од креативниот и продукцискиот тим.
Поаѓајќи од брзината, како атрибут кој секој корисник ја посакува при изборот на домашен провајдер за интернет, решивме на нашиот клинет да му понудиме и еден малку похрабар концепт кој, на наше задоволство, беше прифатен. Брзината сакавме да ја прикажеме директно и реалистично, но сепак пластично. Беше предизвик да доловиме како брзиот ветер предизвикува поголеми промени на лицето, прикажано во slow motion и тоа да изгледа моќно.
Во обемниот кастинг испробувавме брзини на ветер и до 100км/ч и постигнавме задоволувачки ефект на фотографија во успорена снимка.
За продукцијата користевме Phantom Hi Speed камера, која снима со илјадници фрејмови во секунда и најмоќно го прикажува ефектот и последиците од брзината. Музиката на Вагнер („Летот на Валкирите“) само го засили и заокружи ефектот во финалното видео.
„Во подготовките како, и за време на снимањето, позитивната атмосфера што беше предизивикува силниот ветер во лицата остана лајтмотив низ цеиот процес на работа“, ни изјавија од Division.