Новата кампања на ПЕТА, „Животните не се божиќни подароци“ има за цел да го илустрира проблемот со напуштањето на домашни миленици после празниците.
ПЕТА и агенцијата Serviceplan Campaign International создадоа повеќе силуети на кучиња од празнични светилки, кои потоа ги поставија на различни локации низ градот Хамбург каде што е познато дека често се напуштаат домашни миленици.
„Животните се живи суштества со свои индивидуални потреби и чувства. Тие заслужуваат траен дом полн со љубов. Со нашиот емоционален спот, се надеваме да ги потсетиме луѓето дека животните не се божиќни подароци,“ истакна Јобст Егерт, одговорно лице за креатива во ПЕТА.