Српската компанија за прехрамбени производи Bambi и креативната агенција McCann Белград отпочнаа нова кампања за брендот бисквити Plazma, во која што се вклучени звучни имиња на домашната музичка и филмска сцена.
„Во секојдневниот живот, неизвесноста и метежот, често е тешко да најдете нешто што ќе ве извлече од неочекувана ситуација и ќе бидете сигурни дека сè е во ред, иако и не е баш сè онака како што сте планирале. А, што беше тоа непогрешливо добро, секогаш кога беше лошо? Нашата Plazma – зарем не? Залак на безгрижност и детство, ритуали и спомени на кои таа отсекогаш била главна состојка“ – објаснуваат од McCann Белград по повод новата кампања.
Покрај иницијалниот видеоспот кој беше лансиран вчера, од агенцијата најавуваат и дополнителни спотови во кои: „Ќе имате можност да видите во кои ситуации Plazma повторно беше тука кога ни била најпотребна.“