Нова, супер скоцкана и исклучително енергична ТВ реклама со брза нарација и совршена продукција денеска официјално беше промовирана од пивскиот бренд Скопско.
Најпознатиот македонски актер Никола Ристановски е главниот лик кој својот автентичен шарм и оптимизан го пренесува на околината и порачува луѓето да подзастанат за момент од целото брзање и да уживаат во моментот и животот, создавајќи спомени кои ќе траат.
Зденка Милановиќ, маркетинг менаџер на Пивара Скопје по повод официјалната промоција на ТВ рекламата вели : ‘‘ ТВ рекламата на СКОПСКО која за прв пат ви ја претставуваме денес, пренесува инспиративна, јасна и искрена порака за сите нас – да успориме малку и да го живееме сегашниот момент, затоа што денешните доживувања се нашите утрешни сеќавања. Создадовме реклама која е значајна за сите, бидејќи е позитивна, искрена и поттикнува на поголема верба во иднината, нешто кон кое ние во Пивара Скопје се стремиме, а нашиот бренд СКОПСКО го отсликува. ‘‘
Рекламата е дело на агенцијата Меккен Скопје, реализирана е во домашна продукција и сите сцени се снимени на различни локации низ Скопје.
“Вистинска реткост е да се добие сценарио што нуди простор за особен визуелен третман. Тоа беше поттик за нас, но и за целата екипа, да создадеме нешто поинакво. Со нас го имавме и Никола Ристановски, кој донесе уште еден слој на извонредност во целиот проект. СКОПСКО отсекогаш ги поместувало границите во рекламирањето, и овој рекламен филм се надворзува на таа традиција.”- е задничкиот став на режисерското дуо Даријан Пејовски и Кристијан Ристески.