Со цел засилување на процесот на дигитална трансформација како и флексибилно работење, А1 Македонија го збогатува своето портфолио со нова понуда за деловни корисници на кои им нуди интернет, фиксни и мобилни услуги, но и можност лесно и брзо да го менаџираат својот бизнис каде и да се.
Со новата A1 Business промоција, деловните корисници добиваат стабилен интернет за својата канцеларија, подарок таблет, како и лиценца за три месеци бесплатно користење на дигиталната платформа Microsoft Office 365. За цена од само 899 денари месечно, со А1 Net Neo M корисникот добива интернет со брзина од 100 mbps со вклучен Wifi рутер, подарок таблет и бесплатен период од 3 месеци за Office 365 Business.
Понудата важи за сите нови и постојни корисници со склучување нов или со обнова на договор на 24 месеци за А1 Combo Neo 3/4 M/L, A1 Combo Lite Neo 3/4 M/L, A1 Net Neo M, A1 Net Neo Lite M/L, A1 Combo Neo Pro M и A1 Combo Lite Neo Pro M/L тарифен модел. Со платформата Microsoft Office 365, корисниците добиваат современо решение за продуктивност, комуникација, соработка и безбедност во зачувување на своите податоци. Оваа дигитална алатка е производ на Microsoft кој вклучува Office апликации (програми) и други Microsoft алатки корисни за секоја компанија. Со ова вработените добиваат пристап до корпоративните апликации, податоци и ресурси од кое било место и од кој било уред со што работата е едноставна и ефикасна, а при тоа компаниите заштедуваат време и можат да ги намалат своите трошоци.
Лиценцираниот софтвер нуди можност за пристап од 5 PC компјутери, 5 таблети и 5 смарт телефони како и целосна 24-часовна техничка поддршка.
Повеќе информации можете да најдете на www.A1.mk или на телефонскиот број 077 1234.