Халкбанк АД Скопје ја надградува понудата за млади со нова, корисна поволност која совршено го следи динамичниот и активен животен стил на генерацијата што сака флексибилност.
Од овој месец, секој нов корисник што ќе отвори HalkEZ пакет добива 10 FitKit кредити, кои може да ги искористи за пристап до широката FitKit мрежа – фитнес центри, теретани, јога студија, пилатес, рекреативни активности, велнес и спа простори.
Поволноста важи само за нови корисници на HalkEZ пакетот, а кредитите може да се користат во период од една година од датумот на отворање на сметката.
FitKit е платформа која им овозможува на корисниците слобода да изберат активност според расположението, местото и времето што им одговара, без долгогодишни членарини и притисок да бидат „совршено конзистентни“. Токму затоа поволноста природно се надоврзува на духот на HalkEZ пакетот креиран за младите кои учат, брзаат, експериментираат, грешат и постојано растат.
„Младите живеат динамично, а нивниот ден често изгледа различно од вчерашниот. Со FitKit поволноста сакаме да им понудиме уште една флексибилна опција за грижа за себе, без притисок и без губење време за планирање“, изјави Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Новата поволност го надополнува пакетот кој веќе нуди практични решенија за младите:
- Подигнување готовина од банкомати во земјата и во странство без провизија со Виза дебитна картичка за млади.
- Без надомест за водење на платежна сметка.
- Бесплатен пристап до електронско и мобилно банкарство.
- SmartSend – брзо и едноставно префрлање средства со еден клик на контактите од телефонскиот именик.
- SmartCash – подигање готовина од банкомати на Халкбанк без употреба на картичка.
- Е-касичка – можност за автоматско штедење на „кусурот“ при секое плаќање со картичка.
- Можност за бесконтактно плаќање со Garmin часовници.
- Низа дополнителни промоции и поволности специјално наменети за младите.
HalkEZ продолжува да го следи активниот живот на младите, нудејќи им банкарство што е функционално и прилагодено на нивното реално, несовршено совршено секојдневие.
Дознајте повеќе детали за новата поволност тука.


















